Симпозиум за биомедицина: Во која насока се движи македонската наука?

На 31.01.2020 во аудиториумот на Жан Митрев Клиниката со почеток во 11:30 до 17:00 часот ќе се одржи еднодневен настан, Симпозиум за биомедицина: Во која насока се движи македонската наука?

Целта на симпозиумот ќе биде запознавање со македонската наука презентирана преку работата на реномирани научници коишто работат во Македонија.

Настанот е организиран од Научната единица и Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во Жан Митрев Клиниката.

Организаторите нагласуваат дека го охрабруваат поставувњето прашања и отворањето дискусии во текот на настанот.

Говорници на симпозиумот ќе бидат:

Д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и Хуман Генетика при Медицинскиот факултет – “Интолеранција на глутен, модерна епидемија?”

Д-р Горан Кунгуловски, Био Инженеринг Доо – “Генетски аберации во епигенетски фактори и нивната улога во канцерната биологија и имунотерапијата”.

Д-р Катарина Давалиева, Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија “Георги Д. Ефремов” при МАНУ – “Откривање на биомаркери со квантитативна протеомика: Искуства во ИЦГИБ”

Д-р Митко Младенов, Природно-математички факултет, УКИМ – “BK каналите се медијатори на вазоактивниот ефект на континуирано присутен NO”.

Д-р Родни Росалиа, Жан Митрев Клиника – “Имуниот систем и кардиоваскуларните болести: инфламацијата е асоцирана со лош клинички исход после кардиоваскуларна операција”

Ќе бидат вклучени и кратки презентации на млади лекари.

Настанот е бесплатен и е наменет за сите млади научници, ентузијасти за наука, членови на научни тимови, дипломци, магистранти, докторанти, професори и лекари.

Бидејќи бројот на седишта во аудиториумот е ограничен, заинтересираните треба да го потврдат своето присуство на e-mail адресата genetskalab@zmc.mk.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе