австралија опен 2025

Синер ја одбрани титулата на Австралија опен

Макфакс/Кајгана
/ 26.01.2025 / 14:00

Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен. Првиот носител во финалето го победи Александер Зверев со 6:3, 7:6, 6:3. Мечот траеше 2 часа и 42 минути.

Синер ја освои третата Грен слем титула во кариерата, откако минатата година победи во Мелбурн, а потоа и на УС опен.

Зверев и во третото Грен слем финале остана со празни раце. Претходно доживеа пораз од Доминик Тим на УС опен во 2020 година и од Карлос Алкарас на Ролан Гарос во 2024 година.

Италијанецот ја продолжи доминацијата, ја забележа 21. последователна победа, вклучувајќи го и крајот на минатата сезона. Синер ќе остане прв на АТП листата, сега со повеќе од 3.000 поени пред второпласираниот Зверев.

Колку Јаник беше доминантен во мечот за трофејот говори и фактот што Зверев немаше ниту една брејк шанса во текот на целиот меч.

Синер во првиот сет му го одзеде сервисот на противникот во осмиот гем. Во вториот сет, во тај-брејкот, клучен беше деветтиот поен, кога при резултат 4:4, топчето по ударот на Синер удри во сајлата и падна таму каде што Зверев не можеше да стигне.

Во третиот сет, Италијанецот направи брејк во шестиот гем.

Remote video URL
реклама

Крај на доплатата за рачен багаж во Европа: Бесплатен куфер со секоја карта од 2027 година

Read more

Хирон влегува во Бик по 50 години: Голема среќа за 3 хороскопски знаци

Read more

Јупитер ги отвора вратите кон парите за 4 хороскопски знаци ова лето

Read more

Запознајте ја земјата што ја сопре Шпанија: Зелен ’Рт е скриен бисер на Атлантскиот Океан

Read more

Тенис

Доби зелено светло: Синер ќе игра на Вимблдон

Read more

Како публиката го налути Ѓоковиќ на Ролан Гарос: Немаат почит

Read more

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Read more

Синер пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Read more

Спорт

  • play_arrow

Вака не игра тим што ја сака титулата: ДР Конго откина историски бод од Португалија

Читај повеќе

Како со камења да фрлале кон боговите: Англичаните имаат проблеми за кои немаат решенија

Читај повеќе

Роналдо: Дали сега на сите им е јасно дека Меси е најдобриот на сите времиња?

Читај повеќе
  • play_arrow

Скромна аргентинската 10-ка: Убаво е, но сè е само статистика

Читај повеќе

НБА сруши рекорд: Најгледанo финалe од времето на Џордан и Булс

Читај повеќе

Спалети од управата на Јувентус побарал да му го донесат Елмас

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбај има само 18 години и веќе му нема рамен во Африка: Поранешниот Французин влезе во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд не глуми лажна скромност: Првиот гол ми беше убав, вториот уште поубав

Читај повеќе

Најстарите фудбалери на СП 2026: Од ѕвезди до анонимуси кои го живеат мундијалскиот сон

Читај повеќе