Анџелина Џоли се појави на доделувањето на Governors Awards 2024 во Лос Анџелес, каде што присуствуваше со синот Нокс Џоли-Пит.
Овој настан собра бројни ѕвезди, а 49-годишната актерка блесна во елегантен фустан во златни тонови, додека нејзиниот 16-годишен син облече класичен костум.
Во текот на вечерта Анџелина и Нокс не се разделија, а момчето со насмевка позираше пред камерите, што ги собра симпатиите на присутните, но и на медиумите.
Angelina Jolie brings Knox Jolie-Pitt as her date to the #Oscars #GovernorsAwards pic.twitter.com/Hj6lWUeybt
— The Hollywood Reporter (@THR) November 18, 2024
Многумина ги забележаа впечатливите физички сличности меѓу Нокс и неговите познати родители.
„Најдоброто од двајцата родители“, беше еден од коментарите.
Нокс последен пат се појави во јавноста заедно со браќата и сестрите Шајло, Захара, Вивиен и Медокс на гала-проекцијата на Eternals во Лондон во октомври 2021 година.
Нокс и неговата сестра близначка Вивиен се најмладите членови на семејството Џоли-Пит. Тие се родени во Ница, на Француската ривиера, а во моментот на нивното раѓање медиумите пишуваа за продажба на ексклузивни фотографии од новороденчињата.
Бред Пит и Анџелина Џоли наводно ги продале тие фотографии на списанијата People и Hello! за сума од дури 15 милиони долари кои потоа ги донирале во хуманитарни цели.