Синот на Боб Марли одржа онлајн концерт во чест на својот татко
Зиги Марли, синот на легендарниот Боб Марли одржа онлајн концерт во чест на 75-годишниот роденден на неговиот татко.
Марли изведе класици како песните „One Love“, „Get Up, Stand Up“, и други. Сите кои учествуваа во концертот носеа заштитни маски на лицата и држеа физичка дистанца. Концертот е снимен во музичко студио во Мајами.
Во најава е и документарна серија од 12 епизоди, како и неколку спотови за најпопуларните песни како „No Women, No Cry“ и „Three Little Birds“.