Вонредното коло кое се одигра синоќа во Првата македонска фудбалска лига донесе малку голови, но сепак со неколку кандидати за најдобар гол на колото.
Вкупно 11 голови беа постигнати на 6 натпревари, што е речиси 2 гола по натпревар, односно точно 1,83 и воедно најслабо коло од сите три пролетни досега.
Најмногу голови постигнати на еден натпревар беа 3 и тоа во Велес, Струмица и Тетово на натпреварите Велес - Беласица (2:1), Академија Пандев - Македонија ЃП (2:1) и Ренова - Вардар (3:0). Немаше голови единствено на дуелот во Скопје помеѓу Работнички и Шкендија.
Според нас, гол на колото е вториот погодок на Реми Селмани против Вардар.
Кој е вашиот фаворит?