Модната недела на костими за капење во Мајами беше доказ дека сите тела се „тела за на плажа“, дека се убави, треба да бидат славени и треба да прошетаат на модната писта.
Настанот се врати во „главниот град на забавата“ во САД откако ланското издание беше одложено, а една пандемиска година очигледно изврши тектонски промени во индустријата за убавина.
Завршија деновите кога на пистите гледавме само нереално тонирани и неприродно „исфарбани“ гламазонки во костими за капење наменети за секоја жена, во сите форми и големини.
Ревијата Sports Illustrated Swimsuit/PLT Runway Show 2021 беше најдобар доказ за тоа дека самодовербата треба да е норма за секоја жена, независно од обликот на нејзиното тело, дека сите тела се прекрасни и за сите има место на пистата.
Да продолжиме да ја славиме убавината во сите форми и облици и да се спротиставуваме на невозможните „стандарди“ за убавина што досега ги наметнуваше индустријата.