Нејзиниот изглед е истовремено привлечен и провокативен, но многумина се прашуваат дали модната комбинација е погодна за пригодата.

Целиот нејзин стајлинг изгледа како таа директно да излегла од снимање за долна облека и да се упатила на Канскиот филмски фестивал.
Ирина Шајк (37) пред хотелот Martinez во Кан се појави во креација на модната куќа Gucci што се состоеше само од долна облека и проѕирен тул.
Познатата манекенка, која е една од најплатените во светот, апсолутно го потресе Кан со својот изглед, кој дополнително го зачини со луксузен накит и очила.
Да потсетиме дека Ирина стана позната по појавувањето во списанието Sports Illustrated во 2007 година. Има настапувано на ревиите на многу познати брендови како Miu Miu, Bottega Veneta, Marc Jacobs, Moschino, Burberry, Versace, Givenchy, Diane Von Furstenberg, Hugo Boss и се смета за еден од најбараните модели на денешницата.