Сите пукаат сеир, никој не помага

Ефектот на нем набљудувач, или апатијата на случаен минувач, е социјална психолошка теорија според која поединците имаат помала веројатност да ѝ понудат помош на жртвата кога има други присутни луѓе. Истражувањата за оваа теорија, за првпат предложена во 1964 година, главно биле лабораториски и се фокусираат на различни фактори, како што се бројот на случајни минувачи, двосмисленоста, кохезијата на групата и дифузијата на одговорност што го зајакнува заемното негирање.

Илустрација: Џулиен Пошчер/The Guardian

Еден од најпознатите примери за „ефектот на нем набљудувач“ е настанот од 1964 година, кога 28-годишната њујорчанка Кити Џеновезе беше убиена пред очите и ушите на околу триесет соседи, од кои никој не ни викна полиција. Иако со текот на времето, неколку истражувачи се обидоа да докажат дека приказната за Кити е претерана, па дури и ја категоризираат како урбана легенда (докажувајќи дека немало толку многу сведоци, дека не било очигледно дека станува збор за убиство, дека некои сепак викнале полиција...) приказната за Кити останува моќна метафора и симбол на сите подоцнежни приказни што се одвивале на сличен, ако не и идентичен начин. Во својата книга „Триесет и осум сведоци“, Розентал се обиде да одговори на прашањето зошто никој од соседите не повикал полиција, а одговорот го добил од самиот убиец на Кити Џеновезе, кој рекол дека не се плашел да ја нападне жената иако знаел дека има луѓе наоколу: „Знаев дека никој ништо нема да направи. Никој никогаш не прави ништо“.

Што е тоа што нѐ спречува да се вмешаме или - зошто да не му помогнеме на нашиот сосед? „Едноставните“ објаснувања како што се стравот, апатијата и рамнодушноста се премногу симплистички, а психолошките истражувања покажуваат дека луѓето, особено во маса, се водат од сложена мрежа на социјални притисоци и групни норми. Рејчел Менинг од Универзитетот Вест во Велика Британија го проучувала ефектот на нем набљудувач и откри дека големината на групата може да ги „заузда“ нашите природни алтруистички тенденции и дека однесувањето на поединците во групата не може да се објасни со теории и објаснувања за индивидуалното однесување надвор од групата.

Во група, членовите се набљудуваат едни со други како да бараат сигнал - дали да реагираат или не, што резултира со тоа никој да не преземе ништо. Имено, важен фактор во обезбедувањето помош е да се препознае дека некој е во опасност и дека им треба помош. Во многу ситуации, набљудувачите воопшто не сфаќаат дека се сведоци на криминал или насилство. Ни се чини дека другите знаат нешто што ние не го знаеме, затоа ги набљудуваме реакциите пред да одлучиме да преземеме нешто. Честопати е на овој начин да донесуваме правилни одлуки дали да реагираме или не, но исто така можеме да паднеме во стапицата наречена „непознавање на мнозинството“ - кога лично мислиме на една работа, но погрешно веруваме дека другите во групата различно го перцепираат . Ова се забележува во безопасни ситуации, кога учениците не бараат објаснувања на час, бидејќи им се чини, гледајќи ги другите ученици, дека „на сите им е јасно“ и не сакаат да испаднат „глупави“. Исто така, набљудувајќи ги другите во групата кои не реагираат, можеме да заклучиме дека она што го гледаме не е кривично дело или насилство и не реагираме.

Набљудувачите често претпоставуваат дека некој друг ќе реагира и на тој начин се чувствуваат помалку одговорни. Дури и ако се сигурни дека насилство или злосторство се случува пред нив, ако не се чувствуваат лично одговорни за жртвата, нема да реагираат. Исто така, колку повеќе набљудувачи, толку е поголема „поделбата“ на одговорностите - кога сме единствениот сведок, 100% од одговорноста е на нас. И, ако има, на пример, уште четворица набљудувачи со нас, тогаш имаме само 20% од одговорноста. Многу испитувања покажале дека луѓето не се рамнодушни или бездушни и дека во ситуации на сведочење на насилство, тие се искрено потресени - едноставно не се чувствуваат доволно одговорни за да направат нешто. Марк Левин открил дека се важни и карактеристиките на групата во која се наоѓаат набљудувачите. Според него, ако постапките на групата се транспарентни, поверојатно е дека членовите на групата кои покажуваат несоодветно однесување ќе бидат казнети; сепак, во случај на „затворени“ групи, поверојатно е дека членовите на групата ќе се однесуваат на начин што го прикриваат „срамот“ и го зачувуваат угледот на групата на која тие припаѓаат.

Живееме во пандемија веќе една година. Сите ние го чувствуваме притисокот што го носи глобалната здравствена криза – емоционален, социјален, физички, финансиски... но пред сѐ, човечки. Речиси и нема човек кој нема(л) близок заболен, а доволен број луѓе претрпеа и загуби меѓу најблиските. И во ваква ситуација, каде е повеќе од извесно дека најмал пропуст може да нѐ чини многу, зошто уште сите сме неми набљудувачи на сопствените судбини и дозволуваме сопствено и туѓо несовесно однесување? Кој мислите дека ќе дојде да викне „Помош!“ против невидливиот непријател? И кој ќе дојде на помош?

За пукање сеир, коментирање бројки на заразени и делење памет за тоа кој како требало да постапи сме први, а нема никој да (си) помогне. „Заштитени“ од помислата дека „сите така прават“ се пикаме по кафичи, кафани, домашни собиранки, непрошетани да не останеме, да не ни пропадне скијањето сезонава... И ако не можеме да се освестиме и да си помогнеме соочени со болест која не бира, како очекуваме утре, во тоа подоброто утре, да бидеме доволно емпатични и алтруисти да си помогнеме во случај на насилство, пожар, социјална неправда? Зауздајте си го сеирот и симнете се од високо, зошто кога ќе попуштат тие што се држат, навистина нема да има кој да викне „Помош!“.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе