Сите што ги исполнуваат условите, а се испуштени од листите за домашна картичка ќе бидат додадени

Нема ниту еден граѓанин или студент или средношколец или кој било доколку е во листата да остане без средства, без финансиска поддршка и без платежна картичка, бидејќи тоа е неселективен, транспарентен процес на воспоставување на јасни услови без постапки за аплицирање, без да треба човечки фактор да одлучува дали некој треба или не треба да е во листата или ги исполнува или не ги исполнува критериумите. Тоа ни го даваат податоците со коишто располагаат институциите, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа во одговр на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата посочи дека се пристигнати над 20 илјади пораки од граѓани кои ги нeмало на листата и додаде дека дел од пораките се враќале поради пополнување на сандачето.

-Од вкупниот број пристигнати пораки сè уште не е направена категоризацијата за да можеме да кажеме дека одреден дел се од средношколци коишто ги немало на листата, бидејќи, како што кажав, сите граѓани коишто сметаат дека ги исполнуваат критериумите согласно Уредбата и треба да се во листата поднесуваат приговор со образложение и доказ дека треба да се во листата. Потоа треба надлежната институција да го потврди тоа за на лицето да му биде прифатена реакцијата и да биде додадено во листата, рече Ангеловска во одговор зошто некои средношколци ги нема на листата и колку приговори се пристигнати.

Во однос на начинот и одговарањето на барањата на оние коишто сметаат дека не се во листата, прецизира, организиран е тим во Генералниот секретаријат кој е во координација со Министерството за финансии и со банките за евентуални корекции во листите и прифаќање на некои лица доколку се испуштени.

-Доколку на пример има средношколци коишто не се заведени во системот ЕСР и не се дадени листите ако поднесат мејл треба да можат да бидат вметнати во листите. Согласно тоа секако при базата на податоци можно е да претрпи корекции било кои одредени системски недоследности, технички пропусти коишто биле направени да се исправат и со тоа да се подобри и квалитетот на базата на податоци на средните школи, училиштата, нашиот образовен систем, министерствата и институциите, потенцира Ангеловска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе