Сите сме донори доколку не се изјасниме поинаку, но во суштина сепак семејството го дава последниот збор

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во 2 часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент Иван Огњановски. Два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека денеска испишавме историја бидејќи за првпат во нашата земја беше направена трансплантација на срце од починат дарител.

Проф. д-р Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, под чие водство е изведена трансплатацијата, рече дека пациентот засега е добар и изрази надеж дека ќе остане добар.

– Овој зафат не само што претставува круна во кардиохирургијата во нашата земја, туку и претставува процес на заокружување на лекувањето на терминалната срцева слабост. Трансплатацијата на срце, иако најретко може да го добиеме, е можеби најдобар одговор, изјави Јовев.

Тој изрази надеж дека ваквите процеси ќе продолжат и во идина и ќе имаме уште повеќе донори, за да спасиме уште повеќе животи.

Националниот координатор за трансплатација Маја Мојсова, порача дека ова немало да биде успешно без семејството што го донираше органот.

– Ова немаше да биде успешно доколку не постоеше семејството што со голема емоција ги даруваше органите. Сметам дека ова може само да ни даде уште поголема вера и надеж дека семејствата што ќе се соочат со загуба на близок ќе се одлучат за донирање на органите и сепак голем број пациенти ќе имаат шанса да продолжат со лекување со нов орган. Сакам да изразим сочувство на семејството и да кажам дека срцето на нивната драга чука и во суштина сѐ уште живее, изјави Мојсова.

Со самото ова што се случи ноќеска, рече Мојсова, јавноста толку го прифати тоа и веќе почнавме да разговараме за органодарителство и што значи тоа.

– Нашиот закон е јасен. Сите сме донори доколку не се изјасниме во текот на животот дека не сме и тоа на писмено кај нотар. Но, во суштина сепак семејството го дава последниот збор и затоа многу во суштина треба да вложиме и во едукација, не само на медицинскиот кадар, туку и на граѓанството и општеството што значи органодарителство после смртта. Не значи дека секој од нас ќе биде дарител, но доколку нешто ни се случи и притоа завршиме како мозочна смрт и граѓаните да знаат за што ни се работи, изјави Мојсова.

Нагласи дека нема подобра кампања од ова, кога лично и семејствата на тие што примаат и на тие што донираат би ја раскажале својата приказна.

– Верувајте многу е тешко кога сте тажни да донесете рационална одлука и да бидете во тој момент хумани човекољубието да биде над вашите внатрешни и најдлабоки емоции. Затоа сметам дека семејствата се најголемите херои, истакна Мојсова.

Доктор Жан Митрев од Клиниката „Жан Митрев“, рече досега имало многу малку разбирање за овој проблем.

– Од минатата година за првпат во Македонија се дозволи вградување на вештачки срца, што беше првиот исчекор кон ова. Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности. Сакам да се заблагодарам на минситерот Филипче, кој не организира и сплоти со една цел да ги лекуваме пациентите, изјави Митрев.

За д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина ова е еден од најзначајните чекори во македонската медицина и навистина историски ден.

Васил Огњановски, синот на пациентот кому ноќеска му беше трансплантирано срце изрази големо сочуство до семејството на починатата жена од кое неговиот татко го доби срцето.

-Пред сѐ едно големо сочуство и големо благодарам до фамилијата што со донирањето спасија три животи, од кој еден е животот на татко ми, рече Огњановски.

Како што посочи, сѐ се случило многу бргу. Им било јавено пред два дена дека е најдено срце и дека ќе биде извршена првата ваква трансплантација кај нас.

-Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го прават уште еднаш и едно многу големо благодарам за нив. Во државата имаме многу дорби доктори што ќе спасат милиони животи, рече Васил, синот на пациентот кому му е трансплантирано срце.

Тој би сакал да се сретне со семејството на донаторката, но пред сѐ, како што кажа, би сакал прво да стивне нивната болка, па потоа да се запознаат, и тој и неговиот татко да биде во состојба да се запознае со нив.

-Да изразиме сочувство и да им кажеме дека нејзиното срце сѐ уште чука. Фамилиите ќе останат сплотени, а срцето е нашето единство, рече тој.

Првата трансплантација на срце, која беше изведена ноќеска, во координација со министерот за здравство Венко Филипче ја започна и ја водеше националниот координатор за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска. Таа со својот тим болнички координтори д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев и Адријана Георгиев од Министерството за здравство ја процесираа пациентката во мозочна смрт и ги направија сите лекарски, технички и административни подготовки за да се започне со трансплантацијата на срце и бубрези.

На експлантацијата работеа д-р Марјан Шокаровски и д-р Александар Колевски од Клиниката за државна кардиохирургија, д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина, а од КАРИЛ анестезијата ја водеа др Маја Мојсова Мијовска, д-р Весна Дурнев и д-р Билјана Андоновска.

Трансплантацијата на срцето ја работеа проф. д-р Сашко Јовев и академик Жан Митрев заедно со д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов,  д-р  Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски од Аџибадем Систина.

На Клиниката за урологија на трансплантациите на бубрезите работеа лекарски тимови под раководтсво на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката.

Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања, како и лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа.

Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе