Ситуацијата со храната во Северна Кореја е напната, призна Ким Џонг Ун

Б.С.Б.
/ 16.06.2021 / 13:57

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на пленарниот состанок на Работничката партија изјави дека земјата може да се соочи со „напната“ ситуација во врска со храната поради пандемијата со коронавирусот, пренесе AP.

Тој ги повика официјалните лица задолжени за земјоделскиот сектор да пронајдат начини за засилување на земјоделското производство.

„Ситуацијата со храната сега станува напната бидејќи земјоделскиот сектор не го исполни планот за производство на житарки поради штетата предизвикана од тајфуни минатата година“, изјави Ким во текот на состанокот.

Пандемијата ја влоши ситуацијата со недостиг на храна во Северна Кореја, бидејќи границата со земјата е затворена за да се спречи ширењето на заразата.

Според властите, во земјата досега немало ниту еден случај на корона, но експертите се сомневаат дека тоа е тоа вистина. Северна Кореја има лоша медицинска инфраструктура и недостаток на лекови, а аналитичарите велат дека епидемијата само би ја влошила ситуацијата.

Во текот на воената парада во Пјонгјанг минатата година, Ким јавно му се извини на народот. Освен со кризата, земјата се бори со санкциите на САД и на ОН воведени поради нуклеарните и балистички ракетни програми.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе