Скандалот на Јуве го носи и Роналдо пред јавен обвинител?

Според италијанските медиуми и Кристијано Роналдо ќе треба да разговара со торинскиот јавен обвинител околу матните работи во сметководството на неговиот поранешен клуб.

La Gazzetta dello Sport пишува дека многу е веројатно истражните органи да издадат налог за испрашување на Кристијано Роналдо, откако секој ден сѐ повеќе матни работи излегуваат од Јувентус.

Андреа Ањели, Павел Недвед, Фабио Паратичи и други сегашни и поранешни директори на клубот се под истрага за наводни нерегуларности во клупското сметководство. Засега не се знае точно за што, но и Кристијано Роналдо е вмешан во матните работи, иако за него не е покрената истрага. Претпоставките се дека тој не ни знаел што се случува, но сепак веројатно ќе мора и тој да даде исказ пред јавен обвинител.

Она што торинскиот јавен обвинител го интересира е таканаречениот „таен договор“ кој Роналдо го имал со „Старата дама“. Имено, според снимени телефонски разговори помеѓу клупски директори, се зборува за „таен документ кој теоретски не би требало да постои“ и кој истражителите сѐ уште не го имаат пронајдено. Лицата од Јувентус кои веќе биле испрашувани не успеале да ја објаснат природата на тој договор со Кристијано Роналдо.

Португалскиот ас беше меѓу оние кои во март, април и јуни 2020 година се согласија да се откажат од своите плати за финансиски да му помогнат на клубот поради локдаунот и прекинатата сезона. Но, веројатно откако сезоната продолжи сите дискутирале со клубот околу начинот на кој ќе им бидат надоместени тие плати.

За торинскиот јавен обвинител тајниот договор на Јуве и Роналдо е од голема важност бидејќи тој не бил пријавен кај надлежните власти. Токму поради тоа многу веројатно е дека во наредниот период ќе биде побарано од Раоналдо да дојде на разговор и да ги расчисти работите.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе