Скијач во Романија едвај се спаси од мечка
Неверојатно видео е снимено во познат ски-центар во Романија, каде еден скијач едвај спасил жива глава од мечка која го бркала.
Додека тој се обидувал да избега, од снимката се гледа како мечката упорно трча по него, а луѓето на жичарницата панично врескаат со намера да го привлечат вниманието на животното.
Скијачот успеал да се спаси благодарение на ранецот што го носел со себе. Во еден момент се досетил да го фрли и така да го привлече нејзиното внимание за тој да може да избега, дознаваме од описот на видеото.