Škoda Enyaq претворена во практичен кампер

Филијала на Škoda во Велика Британија најде начин дополнително да ја зголеми практичноста на Enyaq со претворање на електричниот теренец во кампер.

Основа за проектот беше најмоќната верзија со погон на задните тркала, поточно моделот Enyaq iV 80, кој доби шатор на покривот. До овој дополнителен простор се пристапува со скала и може да спијат две лица. Шаторот може да се постави и симнат за само неколку минути и доаѓа со вентилатор на соларна енергија, осветлување и мрежи за багаж.

На креветот кој може да се извлече над задните седишта можат да спијат уште двајца луѓе, а рамката на тој кревет може да се состави за само неколку минути и на тој начин максимално да се искористи волуменот од 1.710 литри. Со цел да се подобри практичноста на електричното возило, Škoda постави лизгачка кутија од чешката компанија EGOE, која содржи шпорет на гас и мијалник со славина и црево.

И покрај таа кутија, задните седишта сè уште можат да се користат. Дел од целокупниот пакет е столче и маса за кампување кои се преклопуваат и се расплетуваат за неколку секунди, исто како ролетни за дополнителна приватност.

Enyaq iV 80 е придвижуван од електричен мотор кој развива 200 КС и 310 Nm вртежен момент, а батерија со капацитет од 82 kWh обезбедува автономија до 544 км. Забрзувањето од 0 до 100 км/час трае 8,5 секунди.

Концептот се вика FestEVal, а засега нема планови за производство.

Погледнете го концептуалниот Enyaq од сите агли во МЕГА ГАЛЕРИЈАТА.

Тагови
реклама

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Read more

Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

Read more

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Јокиќ ги уништи Вориорс, одигра уште еден феноменален меч

Read more

Концепти

Како ќе изгледа новото Peugeot 208?

Read more

Футуристички концепт на Mercedes инспириран од елеганцијата од 1930-тите

Read more

Кој ќе го вози Dacia Hipster?

Read more

Škoda Vision O: Како Чесите ги замислуваат караваните во наредните 10 години?

Read more
 

Автомобили

Кои електрични автомобили и plug-in хибриди имаат најдобри батерии?

Читај повеќе

Анализа на трошоците: Кои автомобили се најскапи за одржување?

Читај повеќе

Возачи, внимателно: На што треба да обрнете внимание кога возите на дожд?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новото Peugeot 208?

Читај повеќе
  • filter

Mazda има нов идентитет: Дали ќе остане препознатлива?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Volkswagen „на струја“ е вистинско изненадување

Читај повеќе
  • filter

SEAT ги претстави новите Ibiza и Arona: Освежен дизајн, напреден ентериер и уште поголема вредност

Читај повеќе

Какви гуми треба да ставите на вашиот електричен автомобил?

Читај повеќе
  • filter

Познати финалистите за Автомобил на годината 2026: Кој е вашиот фаворит?

Читај повеќе