Škoda ја претстави првата Octavia Sportline.
Octavia Sportline е достапна и како караван, а доби 17-инчни црни фелни, но купувачите може да нарачат и 19-инчни фелни кои се ексклузивни за овој модел.
Во внатрешноста има црни декоративни линии, менувач со Sportline лого. Овој модел ќе биде достапен со повеќе погони – бензин, дизел, благ хибрид, plug-in хибрид и плин.
Зависно од изборот на погон, Octavia Sportline ќе биде достапна со погон на сите четири тркала, како и со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач.
Важна вест е и воведувањето на 2,0-литарски TSI мотор кој развива 190 коњски сили.
Засега не е позната цената.