Скокна цената на златото – Вистински камбек или сезонски тренд?

Глобалните цени на златото бележат раст бидејќи меѓународните трговски тензии, бранот девалвации на валутите во годинава што изминува и забавениот економски раст на стопанствата во подем ја поттикнаа побарувачката на инвеститорите за „безбеден избор“.

Зголемената побарувачка на злато делумно се должи и на падот на акциите на глобално ниво, што во голема мера се должи на зголемените политички ризици.

Според Bloomberg News, резервите на ETF се зголемиле на над 2.180 тони на 25 декември, во споредба со 2.080 тони во октомври. ETF моментално има најголеми резерви на злато од почетокот на јули.

Златото утринава се тргуваше за 1.271,85 долари за унца, што е највисока вредност од јуни годинава.

Експертите велат дека побарувачката на злато е најголема од јануари, 2017 и дека тоа најмногу се должи на пролонгираните закани од економско забавување и политичка несигурност кај развиените стопанства.

„Овие тенденции треба да им послужат како потсетик на инвеститорите дека златото во секаква форма треба да биде основен дел на секоја долгорочна стратегија за инвестиција. Златото уште еднаш ја докажа својата вистинска тежина во време кога состојбата на берзите станува турбулентна“, вели Стивен Инс од инвестициската компанија Oanda.

Други пак сметаат дека овој тренд е сезонски.

„Секогаш има добра побарувачка на крајот на годината. Не би требало да бидеме изненадени и ако цената на златото надмине вредност од 1.300 долари за унца во блиска иднина“, вели Јуичи Икемизу од токиската банка ICBC Standard Bank.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе