Сколс: Боснич е најлошиот фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед

Макфакс/Кајгана
/ 04.09.2024 / 18:41

Пол Сколс се согласува дека Антони е очаен избор за Манчестер Јунајтед, особено ако е „се гледа и економскиот дел од трансферот“, но останува на ставот дека Марк Боснич е најлошото нешто што го видел на тренинзите и натпреварите.

„Моравме да најдеме замена за Шмајхел и знаевме дека ќе биде тешко. Боснич беше добар на голот на Астон Вила, но кога дојде кај нас се однесуваше непрофесионално. Искрено, беше смешен. Шутерскиот тренинг траеше меѓу 15 до 20 минути, тој по три шута не знаеше каде се наоѓа“, се присети легендарниот фудбалер на деновите кога беше соиграч со австралискиот голман со хрватско потекло.

„Човекот не знаеше да ја избие топката, тоа во живот го немав видено“, додаде тој, а потоа се сети на конкретниот натпревар.

„Денот беше совршен, без ветер. Игравме на гости кај Евертон. Не успеа да ја исфрли топката до центарот на теренот“, рече тој како гостин во подкастот „The Overlap“ и заклучи:

„Точно е дека Антони е скапо платен, но за мене Боснич е најлошиот играч кој го носел дресот на Манчестер Јунајтед“.

Сколс освои 25 трофеи со клубот за кој одигра повеќе од 700 натпревари. Ги наведе Вејн Руни и Ерик Кантона како спротивни примери на Боснич.

Боснич бранеше на само 38 натпревари за Јунајтед и имаше просек од 1 примен гол по натпревар. Сепак, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 1999/2000. Во 1997 година беше и избран за Фудбалер на годината во Океанија.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Фудбал

Дани Алвес ослободен од обвиненијата за силување

Read more

Барса може да остане без победата против Осасуна, само едно парче хартија може да ја спаси

Read more

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Read more

Анчелоти преговара со Бразил

Read more
 

Спорт

Дани Алвес ослободен од обвиненијата за силување

Читај повеќе

Барса може да остане без победата против Осасуна, само едно парче хартија може да ја спаси

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе