Скопјани добиваат поевтино парно греење

Скопје, 29 јули 2021 (МИА) – Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои крајната цена на испорачаната топлинска енергија кај трите компании на територијата на Град Скопје во просек се намалува за четири отсто, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Тој истакна дека речиси 56.000 потрошувачи приклучени на „Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) или 93 отсто од вкупниот број корисиници ќе добиваат сметки пониски за 4,35 отсто, нешто над 3.800 домаќинства кои се приклучени на „ЕСМ Енергетика“ ќе плаќаат пониски сметки за 0,57 проценти, додека 501 потрошувач приклучени на „Скопје Север“ од 1 август ќе имаат поевтино греење за 1,25 отсто.

– Граѓаните приклучени на парно греење ќе добиваат пониски сметки. Денешните донесени одлуки се показател дека начинот на кој ја пресметуваме цената на топлинската енергија ги штитат потрошувачите. Со одлуките праќаме сигнал што повеќе граѓани да се приклучат на мрежата за парно греење, кое е најекономично и еколошко, рече Бислимоски, посочувајќи дека имаме историски најниска цена на испорачана топлинска енергија.

Во однос на работата на компаниите, тој нагласи дека сака да укаже оти со оглед на фактот дека БЕГ го има доминантниот дел од корисниците односно 93 отсто, останатите снабдувачи „Скопје Север“ и „ЕСМ Енергетика“ би требало да ги разгледаат можностите за системско надминување на предизвиците преку заедничка соработка, со цел да може да го зголемат бројот на потрошувачи и да се оптимизира производството на топлинска енергија.

На централните системи за греење на трите компании за топлинска енергија во Скопје се приклучени околу 60.000 корисници, што за една година претставува раст од речиси 2.000 нови потрошувачи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе