Скопјанка осомничена за шест тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 35-годишна скопјанка осомничена за шест кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

– Осомничената, на 3 септември, на автобуска постојка кај пазарот во населбата Ченто, се доближила до една оштетена и по краток разговор со неа искористила момент на невнимание и и ја одзела торбата во која имало паричник со картичка и пари, како и еден дуксер, во вкупна вредност од 6.000 денари, информираа од ОЈО.

На 8 септември, додадоа од ОЈО, пријавената дошла во куќа на улица „Кавадарска“ во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од домот украла паричник со 16.000 денари. На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и додека тие го барале сертификатот, им ги одзела паричниците во кои имало банкарски картички.

– Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3.000 денари, сооштија од ОЈО.

На 21 септември, посочија од ОЈО, осомничената се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја замолила да и даде пари за лекови, па и го грабнала паричникот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.000 денари.

– Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи постои опасност таа се да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, истакнаа од ОЈО.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Хроника

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе