Скопје се раззеленува со над 15 илјади садници

Есенската акција за садење во главниот град предвидува над 15 илјади садници од пет различни видови кои ќе се посадат на повеќе локации во градот.

Градоначалникот Петре Шилегов објави дека точно 15.338 висококвалитетни садници ќе се посадат во главниот град Скопје.

Од нив, 840 се топијари, 1.958 се зимзелени дрвја, 2.609 се листопадни, додека останатите 9.931 се грмушки и перени.

„Со поставување на повеќе видови на листопадни и зимзелени и други видови садници, целта е успешно да се обнови загубеното зеленило и градот да се збогати со повеќе чисти зелени површини кои можат да имаат само позитивен ефект врз здравјето на нашите граѓани“, изјави Шилегов.

Градоначалникот најави и дека овогодинешните садници се значително повисоки што дава поголема гаранците дека нивното засадување ќе биде успешно. 

„Максималниот обем на дрвјата во 2020 година е 24 см, односно се засадуваат садници со веќе оформено стебло и речиси комплетно оформена крошна. Нивните шанси да опстојат се многу поголеми, а дополнително веднаш се постигнува и саканиот позитивен ефект врз природната средина како и здравјето на граѓаните. За разлика од 2016, кога максималната височина на дрвјата беше 3,5 метри, садниците засадени во 2020 година во просек се високи 5,5 метри, со значително поголеми крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување на попријатни услови за прошетки низ градот“, дополни тој.

За разлика од 2016, кога максималната височина на дрвјата беше 3.5 метри, садниците засадени во 2020 година во просек се...

Posted by Петре Шилегов on Tuesday, November 24, 2020
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе