Скопска Апелација: „Бомбите“ се прифаќаат како докази на СЈО

Скопскиот Апелациски суд го објави решението со кое ја прифаќа жалбата на СЈО против екс премиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 обвинети за насилството во општина Центар.

Во образложението наведуваат дека прислушуваните телефонски разговори може да се користат како докази, затоа што биле прибавени на законит начин од страна на Специјалното јавно обвинителство. Од судот се повикуваат на законот за кривична постапка во делот каде се регулира начинот на прибавување на доказите, а не нивното создавање.

„Без разлика како во конкретниот случај предметните аудиозаписи од телефонски разговори се создадени, истите се прибавени на законит начин и можат да се користат во постапката врз основа на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Сл.Весник 159/15) и чл.287 од Законот за кривичната постапка, кој ја регулира обврската за доставување на податоци на јавниот обвинител, во случајот надлежен да истражува и гони за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, кому политичката партија му ги доставила овие снимки и други снимки, документи во електронска форма и писмени докази“, се вели во решението.

Во дел од образложението, од Апелација велат и дека со самото формирање на Специјалното јавно обвинителство, аудиозаписите од телефонските разговори се внесени во правниот поредок на Република Македонија.

„Со донесување на споменатиот Закон за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Сл.Весник 159/15), за овој суд аудиозаписите од телефонските разговори се внесени во правниот поредок на Република Македонија и врз нивна основа Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, истражува кривични дела и гони сторители и истите стануваат дел од доказниот материјал“, пишува во образложението од Апелација.

Оттаму се повикуваат и на претходна одлука на Апелацискиот суд, каде „бомбите“ се прифаќаат, како што беше со случајот „Шпион“.

Инаку, одлуката следува по жалбата на СЈО, откако судијката Татјана Михајлова од Кривичниот суд ги отфрли бомбите како доказ во судскиот процес. Против оваа одлука не е предвидена жалба.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Македонија

Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Филипче: Секое новороденче во следните 25 години ќе должи 6.000 евра

Read more

Лековите за ретки болести не биле евидентирани во сметководствената евиденција

Read more
 

Вести

Падна таван во гимназија во Србија

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се урна врз куќи: Цела населба е евакуирана во Сан Диего

Читај повеќе

Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Читај повеќе

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Читај повеќе

Голем чекор за законот за животна средина: Уништувањето на животната средина може да биде и кривично дело

Читај повеќе

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Читај повеќе

Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Читај повеќе

Закерберг го престигна Безос, сега е втор најбогат човек во светот

Читај повеќе

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Читај повеќе