Актерот Кристијан Бејл и режисерот Скот Купер работат заедно на уште еден филм, а станува збор за адаптација на романот Луис Бајард под назив „The Pale Blue Eye“.
Во трилерот се зборува за решавањето на низа убиства кои се случиле во 1830 година на американската воeна академија во Вест Поинт. Бејл ќе глуми детектив кој истражува убиства, а му помага младиот и интелигентен Едгар Алан По.
Планот е продукцијата да почне со снимање оваа есен. Ова е третиот заеднички филм на Купер и Бејл во нивната кариера по „Out of the Furnace“ и „Hostiles“.