Скоти Пипен: Мајкл Џордан беше ужасен играч

Скоти Пипен веќе три години е емотивно повреден поради начинот на кој беше прикажан во серијата The Last Dance за Мајкл Џордан и неговите години со Чикаго Булс, и оттогаш дава низа горчливи изјави за најдобриот кошаркар на сите времиња.

Во неодамнешното гостување во поткаст тој рече дека Џордан бил „ужасен играч“ пред да им се приклучи на Булс.

„Го гледав Мајкл Џордан како игра пред да дојдам во Булс. Сите го гледавте како игра. Беше ужасен играч“, рече Пипен во поткастот Gimme the Hot Sauce.

„Беше страшно да се игра со него. Постојано играше еден на еден, изведуваше лоши шутеви. Потоа одеднаш станавме тим и почнавме да победуваме. Пред тоа тој не беше ни на врвот во својата категорија".

И Џордан призна дека без Пипен немало да биде она што е

Џордан несомнено играше индивидуална кошарка во првите професионални сезони и повеќе размислуваше колку поени ќе постигне, отколку како ќе победи, а дури со доаѓањето на Пипен и Фил Џексон за тренер, Булс станаа доминантна сила која ги одбележа целите деведесетти. Дури и Џордан еднаш призна дека „немаше да постои Мајкл Џордан без Скоти Пипен“.

Но, јавноста му замерува на Пипен за изборот на зборовите „ужасен играч“, а тој само уште повеќе ги разгневи луѓето со објавата на Instagram малку подоцна, кога покрај фотографијата од детството напиша: „Од скромни почетоци до шест првенства, два златни медали, Куќата на славните и водење на Чикаго Булс во победи во плејофот. Да наздравиме за неопеаните херои“.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Кошарка

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Read more

Дали Дончиќ ќе го сруши НБА рекордот за најголема плата?

Read more

Хауард: Ако не ме повикате за ЛОИ ќе играм за Тајван и ќе ви дадам 85 поени

Read more

Топ 10 најплатени играчи во Евролигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе