Скратен полицискиот час во Грција

Атина, 12 јуни 2021 (МИА) – Од денеска музиката повторно се враќа во угостителските објекти во Грција, а полицискиот час е пократок и ќе почнува во еден часот и 30 минути, наместо 30 минути по полноќ како што беше досега, во рамките на дополнителното олабавување на мерките во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Со измените во полицискиот час, се продолжува и работното време на угостителските објекти до еден часот и 15 минути, а и понатаму ќе работат само во надворешните делови и само за посетители кои седат на маса.

Нема промени за ноќните клубови, дискотеките и внатрешните делови на угостителските објекти, кои продолжуваат да бидат затворени.

Паралелно, од денеска се зголемува и дозволениот број присутни на настаните на отворено од 50 на 75 отсто од капацитетот, во зависност од големината на просторот.

Според заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас доколку епидемиолошката слика во земјата е добра, од 1 јули целосно ќе биде укинат полицискиот час, а на прославите дозволени ќе бидат најмногу 300 гости, наместо 100 како што е сега.

Актуелните мерки во Грција, освен за грчките граѓани, важат и за туристите.

Професорката и членка на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција Вана Папаевангелу на вчерашната редовна прес-конференција истакна дека епидемиолошката слика во земјата се подобрува, бројот на нови случаи е во просек под 1.000 дневно, намален е на 2,3 отсто процентот на позитивни случаи во однос на направени тестови, а хоспитализирани се 1.700 лица.

Од почетокот на епидемијата, во земјата има 413.954 заразени и 12.381 смртен случај.

Во однос на процесот на имунизација, заклучно со вчера, биле аплицирани вкупно 6.665.626 дози, над четири милиони граѓани ја примиле првата доза, а 2.660.260 се комплетно вакцинирани.

Тагови
реклама

Најдобри во зодијакот - и астролозите бираат да им се родат децата во овој знак

Read more

Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

Read more

Јавноста незадоволна од статуата на покојниот пејач: Ако ова е Тоше...

Read more

Осум секс митови што важат само во порно филмови

Read more

Регион

Атина со мерката пар-непар против сообраќајниот метеж во центарот на градот

Read more

Србија воведува ковид-пропусници, но само за по 22 часот

Read more

Словенечката опозиција бара оставка од Владата по смртта на вакцинирана девојка

Read more

Евростат: Романците и Бугарите најсиромашни во ЕУ

Read more
 

Вести

Цените на горивата остануваат исти

Читај повеќе

Тепачка кај Струга поради нетрпеливост во сообраќајот

Читај повеќе

Сноуден ги нападна Facebook и Apple и предупреди: Сакаат да имаат што повеќе информации за нас

Читај повеќе

Русите ќе мора да одат во Полска за иселенички визи за САД

Читај повеќе

Како Лондон го намалува бројот на стари возила на улиците?

Читај повеќе

Уапсениот колумбиски наркобос соработувал со балкански криминалци

Читај повеќе

Атина со мерката пар-непар против сообраќајниот метеж во центарот на градот

Читај повеќе

Наместо добредојде - бодликава жица за мигрантите на границите на ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан

Читај повеќе