Славески не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град, истакна Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град“.

Ковачевски наведе дека му сугерирал на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, да им се помогне на општините.

– На министерот за локална самоуправа, кој за среќа е еден од најдобрите поранешни градоначалници на Скопје, му сугерирав дека треба да направиме сè што е во можност во рамки на надлежностите на Владата, заради граѓаните во која било од општините во државата, кај сите градоначалници, без разлика од која политичка партија доаѓаат, истакна премиерот.

Тој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа и да доаѓаат на официјални состаноци, а не да измислуваат тајни средби.

– Завршија и промоциите по скапи хотели за тоа што го довршија, што беше останато од градоначалниците на СДСМ. Помина и саемот на градоначалници којшто го правеа, на кој ништо не видовме. Сега гледам ќе имало отворени денови, ќе се правел нов буџет. Полесно ќе им биде да го направат буџетот, затоа што благодарение на министерот за финансии и на мене предложивме нов закон со нов концепт на финансиска децентрализација, рече Ковачевски.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе