Сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија, САД и Латинска Америка

Сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева по изданието од една од најпознатите европски издавачки куќи Tramuntana, ќе може да се чита на шпански јазик и во сите држави во Латинска Америка, како и во САД.

Илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро, а сликовницата е издадена на шпански и на каталонски јазик и веќе неколку месеци наназад може да се најде во книжарниците низ цела Шпанија.

„Џиновска продавница за фантазии“ беше промовирана во 2019 година во издание на Либи, дел од Арс Ламина и е достапна во сите книжарници Литература.мк или да се нарача онлајн.

Сликовницата ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, нелогична, разиграна, смешна и максимално креативна. Главниот протагонист е џинот, кој имал безброј фантазии, па решил да отвори продавница за фантазии, за да може секој да ги купи оние што му недостигаат. Таа се разликува од другите по својот џиновски формат. Дополнително, станува збор за второ издание за деца на Георгиева, на која ѝ претходи сликовницата „Ото, Ото и Ото“.

Бистра Георгиева и Моника Каретеро, која е една од најпознатите европски илустраторки, соработуваат по вторпат. Каретеро е авторка на повеќе од 70 книги издадени во Шпанија, Англија, Австралија и САД, а добитничка е и на повеќе престижни награди, меѓу кои за најдобра книга на лондонскиот и шпанскиот саем на книги.

Тагови
реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе