Слобода на руски начин: Кој стои зад Telegram?

Telegram без сомнение е на врвот на својата слава во последно време. Двете апликации кои најчесто се нарекуваат победници на ерата „пост-WhatsApp“, односно миграцијата на корисници, се Telegram и Signal.

Кај нас апликацијата се најде во фокус поради случајот „Јавна соба“ во кој членови во истоимената група на Telegram недозволено разменувале фотографии и други лични податоци на девојчиња, девојки и жени.

Додека Signal го развива еден од ко-основачите на WhatsApp, Брајан Актон, зад Telegram стојат технолошки експерти од Русија. Telegram надмина 500 милиони активни корисници месечно во јануари, додека во 2020 година беше осма апликација во светот според бројот на преземања.

Патот до слободата

Креатори на Telegram се браќата Николај и Павел Дуров, ИТ ентузијасти кои стојат зад најпопуларната руска социјална мрежа Vkontakte. Браќата Дуров првично ја објавија на iOS во 2013 година, незнаејќи до каде ќе стигне самата апликација.

Додека Vkontakte на крајот заврши во рацете на државните регулатори, браќата Дуров одлучија да го одржат Telegram послободен. Николај Дуров отиде толку далеку што во еден момент дури се пресели во Германија, со цел да продолжи да развива свој open-source софтвер со тим компјутерски научници.

Според светските медиуми, оперативната група се состои од петнаесет члена, додека моменталната локација на седиштето на Telegram е Дубаи. Плашејќи се од одмазда од руските власти, Дуров го понуди Telegram како отворен код, а серверите на апликацијата ги расфрла низ целиот свет.

Cloud комуникација

Telegram е апликација која работи на The Cloud, што со себе носи низа предности, но и недостатоци. Таа е достапна на речиси сите популарни оперативни системи и им овозможува на корисниците пристап до пораките каде и да се.

Недостаток на работењето на The Cloud е во начинот на кој Telegram ги чува корисничките податоци, што според многу критичари, е една од најголемите слабости на платформата. Апликацијата за регистрација бара два начина: СМС и телефонски број или двофакторна потврда со лозинка.

Целокупната содржина е зачувана на серверите на Telegram и, по барање на корисникот, се префрла во режим P2P кој користи криптирање од двете страни. Во случај на доволно софистициран хакерски напад, сè што е зачувано на серверот може да заврши во погрешни раце.

Децентрализирана компанија

Дуров, кој одбива да потврди каде се наоѓа седиштето на компанијата, тврди дека ранливоста на The Cloud не претставува толку сериозна закана за приватноста на корисникот, како и дека размислува за воведување реклами со цел да се продолжи со финансирање на апликацијата.

Ова може да звучи како добро организирана шпионска операција од една страна - дисидент кој прави дискретна апликација за луѓе кои се грижат за својата приватност. Сепак, во исто време, тоа дозволува користење ботови, од кои еден минатиот месец собра илјадници кориснички броеви и профили и ги продаде за 20 долари по број.

Бројот на забрани во различни земји во светот, сепак, раскажува друга приказна.

Telegram отсуствува од најпопуларниот руски систем за пребарување на интернет од 2018 година, откако Дуров одби да им дозволи на властите пристап до базите на податоци на суд. Кина, Индија, Иран, Белорусија и Азербејџан се само некои од земјите кои во одреден момент го критикуваа или се обидоа да го „замолчат“ Telegram.

Критичарите не се задоволни

Апликацијата честопати беше критикувана од западните медиуми и регулатори, како за обвинувањата дека служи како платформа за размена на детска порнографија, така и за фактот дека џихадистите на ИСИС ја користеле за да прогласат одговорност за терористички напади.

Списокот на критики оди подалеку од тоа, од прашања поврзани со децентрализацијата на Cloud серверите, до сомневања за целиот безбедносен систем.

Конечно, тука е и безбедносниот протокол, кој експертите постојано го нарекуваат послаб од оној што го користат WhatsApp и Signal, иако тој дел од приказната е релевантен главно во жестоките дискусии на хакерските форуми.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе

WhatsApp добива AI chatbot

Читај повеќе

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Читај повеќе

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Читај повеќе
  • play_arrow

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Читај повеќе