Двајца легенди од LADbible направија нивно Европско првенство. Групите се исти, форматот е ист, само наместо фудбалери репрезентациите ги претставува по едно пиво од секоја земја.
Дечките испија многу пива за да го одберат шампионот. Иако Англичани, нивното Carling го елиминираа уште во групната фаза и тоа на последно место велејќи дека им „е срам што воопшто е на маса“. Не им се допадна ниту албанското пиво Korça кое го тргнаа што подалеку. Грузиското ნატახტარი не можеа да го прочитаат како се вика, но им се допадна (се вика Натахтари), а добар впечаток им оставија и турското Efes и италијанското Birra Moretti