Словенија нема новозаразени, само пет пациенти со COVID-19 во болница

Во Словенија во изминатите 24 часа се тестирани 828 граѓани за новиот коронавирус и не се регистрирани нови случаи на зараза, соопшти словенечката Влада.

Исто така не е забележан нов смртен случај меѓу заразените и бројот на починати во пандемијата во оваа земја останува 109. Бројот на регистрирани со COVID-19 изнесува 1.477, а од болница оздравени излегле 292 пациенти. Има вкупно 1.358 оздравени од коронавирусот, кои се лекувале дома или во болница.

Уште една добра вест е дека во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана се лекуваат само уште пет пациенти со коронавирус, без случаи во тешка состојба или на Одделението за интензивна нега. Останатите „ковид“ болници уште претходно соопштија дека веќе немаат пациенти.

Според проценките на Институтот за јавно здравје на Словенија, во земјата има само уште девет активни случаи на заразени со коронавирусот.

Се проценува дека нема да има потешки епидемиолошки последици поради „инцидентот“ во Марибор, каде е утврдена зараза кај ученик од трето одделение во едно основно училиште, но се работи за изолиран случај.

Бојана Беовиќ, главен инфектолог во тимот на словенечката Влада, изјави дека постапувањето по овој регистриран случај во иднина ќе се применува во случај на слични појави.

Таа додаде дека се покажало дека препораката во училиштата да не се „мешаат“ учениците од различни одделенија се покажала како правилна, бидејќи сега е одреден карантин само за одделението во кое учел заразениот ученик, додека наставата за остатокот од училиштето се одвива нормално.

Да не се почитувала таа одредба, ќе требало д се затвори целото училиште, додаде таа и предупреди дека без разлика на добрата епидемиолошка состојба во земјата, треба да се продолжи со опширно тестирање, а оние со симптоми на респираторна болест да се пријавуваат за тестирање, за да се спречи појава на нови жаришта.

На 14 мај Словенија прогласи крај на епидемијата во земјата и беше првата европска земја што го направи тоа од почетокот на пандемијата со COVID-19.

Поради можноста за втор бран на заразата, на граѓаните им се препорачува секогаш и секаде да имаат маска при рака.

Задолжително е носењето маска или покривка на носот и устата во здравствените установи, при посета на домови за стари лица и во јавниот превоз, но носењето маска со себе е новата реалност на која граѓаните треба да се навикнат, соопшти портпаролот на словенечката Влада за корона-кризата Јелко Кацин пред неколку дена.

Маска за лице треба да се користи секогаш кога не може да се осигура физичка дистанца од најмалку 1,5 метар. Членовите на обезбедувањето на институции, трговски и угостителски објекти и слично смеат да забранат влез на луѓето кои не носат заштита, а работодавците мора да им обезбедат заштитна опрема на вработените.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе