Словенката Ема Клинец постави нов светски рекорд во скијачки скокови во женска конкуренција, откако денеска во норвешкиот зимски центар Викерсунд во првата серија постигна резултат од 226 метри.

Со тоа Клинец го подобри рекордот кој само ден претходно го постави Канаѓанката Александриа Лутит со скок од 222 метра.
Клинец, воедно, победи на првото натпреварување во скијачки скокови во женска конкуренција, освојувајќи го првото место со 414,7 бодови и скокови од 226 и 223,5 метри.
Второто место го освои Норвежанката Сиа Опсет со 373,7 бодови (211 и 207 метри), додека третопласирана беше Јапонката Јуки Ито со 352,6 бодови (200,5 и 190 метри).