УЕФА ЕУРО 2020

Случајот Ериксен ја покажа мрачната страна на фудбалот и медиумите

Играчот за врска на Данска Кристијан Ериксен колабираше во 43-тата минута од мечот на ЕУРО против Финска и мораше да биде реанимиран.

Соочени со изборот да ја продолжат играта или да ја одложат за следниот ден, тимовите решија да го рестартираат натпреварот откако состојбата на Ериксен се стабилизира во болница.

За европскиот печат, инцидентот покренува неколку прашања.

УЕФА требаше да ги заштити играчите

Водечкото тело на европскиот фудбал изврши неоправдан притисок врз данските играчи кога тие беа во состојба на шок, децидни се од Politiken:

„УЕФА требаше да истапи и да формира обрач околу играчите исто како што соиграчите го штитеа Кристијан Ериксен. Наместо тоа, тие беа принудени да продолжат да играат, врз основа на протоколи кои гарантираат дека прекинатите натпревари брзо ќе продолжат. Дури по целосно бесмислената игра, играчите беа вратени назад во нивниот хотел, каде ја поминаа ноќта со советници за кризи. УЕФА остана глува на критиките, тврдејќи дека сè било направено според правилата... Рече дека одложувањето на еден натпревар е невозможно. И додаде дека не е убаво да се разочараат оние кои платиле милијарди за правата на пренос“.

Експлоатацијата зема данок

Физичкиот товар што произлегува од тоа што играчите треба да играат повеќе и повеќе натпревари е постојан проблем во врвниот фудбал. Нешто мора да се смени тука, инсистира Magyar Hang:

„Случајот Ериксен веројатно уште еднаш ќе го постави прашањето како да се спречи таква трагедија да им се случи на играчи кои се приближуваат до границата. Зошто тоа не може да се избегне, и покрај целата модерна технологија и постојан медицински надзор? И навистина, која е поентата во играчите сѐ повеќе и повеќе да се експлоатираат на овој начин?“

Важноста на пружањето прва помош

Капитенот на репрезентацијата на Данска, Симон Кјер, му го извади јазикот на Ериксен од грлото за да се осигура дека не му го блокира протокот на воздух. De Morgen повика на мерки за да се осигура дека секогаш има некој на теренот што може да преземе брза акција во вакви случаи:

„Има малку смисла да се потпреме уште повеќе на здравствените прегледи. Но, да се даде прва помош и реанимација како приоритет е уште поважно. Кога некој доживува срцев удар, важно е да интервенирате што е можно побрзо. Не само на фудбалскиот терен, туку и во секојдневниот живот. Специјалистите за срце бараат курсеви за прва помош во младинските и спортските клубови. Така повеќе идни капитени ќе знаат што да прават ако некој од нивните играчи одеднаш колабира“.

BBC критикувани што не го прекинаа преносот порано 

Лидерот на лабуристичката партија во Велика Британија, Кир Стармер, го критикуваше BBC за тоа што порано не прекина да го емитува преносот во живо од напорите на медицинските лица да го стабилизираат Ериксен.

„Го гледав ова во живо и беше ужасно. Има ретки прилики кога знаете дека е сериозно од самиот почеток - изразите на играчите кои се на теренот, изразите на лицата на навивачите – стана многу мрачно многу брзо. Навистина се плашев од најлошото. Помислив дека гледам нешто што ниту еден љубител на фудбалот никогаш не сака да го гледа“, рече тој.

„Сметам дека можеа да го прекинат преносот порано и не знам зошто ги вперија камерите во партнерката на Ериксен кога таа излезе на теренот. Тоа е толку вознемирувачко“, додаде Стармер.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе