Пред претставувањето на новиот смартфон на преклопување Razr+ 2025, или Razr 60 Ultra како што ќе се нарекува за пазарите надвор од САД, Motorola пушти во продажба специјално ограничено издание на моделот Razr+ 2024 наречено Razr+ Paris Hilton Edition.

Уредот доаѓа во ексклузивна Paris Pink боја, која е слична на стандардната Hot Pink нијанса, но има автограм од американската медиумска личност Парис Хилтон на задната страна, како и зборовите „That's Hot“ врежани на шарката.
Paris Hilton Edition Razr+ доаѓа во специјално пакување, а купувачите ќе добијат и маска и две опции за ременче. Исто така, има ексклузивни мелодии и звуци за предупредување развиени во соработка со Парис Хилтон, како и специјални позадини.

Motorola Razr+ Paris Hilton Edition чини 1.200 долари, а смартфонот ќе биде достапен за купување почнувајќи од 13 февруари преку веб-страницата на Motorola. Залихите ќе бидат ограничени.

Како што веќе споменавме, Motorola се подготвува да лансира наследник на моделот Razr+ 2024, чии рендери веќе ги видовме. Исто така, потврдено е дека новиот смартфон ќе биде придвижуван од водечкиот процесор Snapdragon 8 Elite.
