Компанијата OnePlus го подготвува својот нов смартфон со назив Nord кој ќе биде значително поевтин од останатите смартфони кои се достапни на пазарот, а ќе има две предни камери.
Овој уред прво ќе се појави во Индија и Европа, а потоа и во Северна Америка. Најверојатно ќе биде претставен под називот OnePlus Nord, а во опција се и имињата OnePlus 8 Lite и One Plus Z. Уредот ќе биде претставен на 10 јули и тогаш ќе дознаеме повеќе детали.
Се шпекулира дека ќе има две предни камери и тоа од 32 и 8 MP. Камерите ќе бидат сместени во горниот лев агол на екранот.
Смартфонот ќе поседува Snapdragon 765G процесор и AMOLED екран со фреквенција за освежување од 90 Hz. Смартфонот ќе чини 299 долари, пишува The Verge.