Смели модни приказни за почеток на 16-ти Моден викенд Скопје

Моден викенд Скопје по 16-ти пат ги собра на едно место љубителите на модата, како единствена платформа за презентација на младите дизајнери кои се стремат да станат следните познати имиња на македонската модна сцена, но и место каде од сезона во сезона пред публиката се докажуваат веќе етаблираните дизајнери. 
 
„Скопје Мериот Хотел“ е епицентарот на модните случувања оваа сезона, што се одржува под мотото #Stopthetraffik и отвора подлабока дискусија за модната индустрија зад нејзиното сјајно и гламурозно лице.
 
Сезоната ја отвори  ревијата на „Papaz“ за колекцијата „Подем на гревот“, смела, сензуална и сексапилна модна приказна на дизајнерот Андреј Папаз Ѓорѓиевски.
 
Впечатливите женствени силуети инспирирани од приказната за Содома и Гомора, синоним за гревот и хедонизмот, беа вешто сплотени со традиционалните елементи на Блискиот Исток, создавајќи еден дуален, но крајно провокативен сублимат. 
 
Контрастот не заврши тука: комбинирајќи ги строгоста на чојата, еко кожата и штофот со лелеавоста на свилениот жоржет, Папаз совршено ги доловува двата дијаметрално спротивни елементи на жената: нејзината отпорност и сензуалност.
 
Со исклучок на неколку пропусти во поглед на фитингот, Папаз го потврди неговиот впечатлив дизајнерски израз во кој уште се чувствува силно влијание на неговите костимографски корени. 
 
По презентацијата на најновата колекција на „Sigma Jewelry“, следеше ревијата за колекцијата „Маршот на боговите“ на младата дизајнерка Викторија Арсовска.
 
Дизајнерката вели дека женственоста и сексапилот ги претставува преку кроеви инспирирани од машки униформи и преку машката грубост на посебно избрани материјали. Арсовска претстави корсети подзатскриени со капути и елеци од чоја и кожа, свилени фустани во комбинација со кожни ремени и метални копчиња. 
 
Иако на моменти нејзината модна приказна делуваше недовршено, Арсовска ја заинтригира публиката со нејзините смели,контрастни силуети.
 
Со колекцијата „Art deco“ на „Ателје Коцарева“ заврши првата модна вечер.
„Колекцијата 'Art deco' е женствена, деликатна и раскошна затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела визија.
 
Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начин го осликува совршениот стил на 20-тите години.“, вели Моника Коцарева.
 
Дизајнерката ги испрати моделите на писта со сјајни црни боб перики и порцелански мејкап, па наликуваа на кукли од излог што оживеаја на пистата. Иако впечатлив на писта, ваквиот стилистички потег на Коцарева делумно го згаснува сјајот на софистицираната, гламурозна жена што имала намера да ја претстави дизајнерката.
 
Шеснаесеттото издание на Моден викенд Скопје продолжува вечерва на истата локација, со ревиите на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на ТМФ под водство на дизајнерката Лидија Ѓеоргиева, а потоа следат „Minna Fashion“ од Косово, новите колекции на Сара Реџиќ и Марија Трајанова, а за крај „Drama Studio“ на Ивана Кнез.
 
Фото: Ани и Дими
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Мода & Стил

Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M, големо отворање на 18-ти август 2022

Read more
Како стапалата да изгледаат помали?

Како стапалата да изгледаат помали?

Read more
Се враќаат во мода: Каубојките хит оваа есен

Се враќаат во мода: Каубојките хит оваа есен

Read more
Кратете ја косата во зависност од нејзината должина

Кратете ја косата во зависност од нејзината должина

Read more
 

Кајгана ТВ

Копола објасни зошто ја избрал Дајан Китон за улогата во „Кум“

Читај повеќе

Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M, големо отворање на 18-ти август 2022

Читај повеќе

Песните на Балашевиќ влегоа во српските учебници за музичка култура

Читај повеќе

Почина пејачот Кичо Слабинац

Читај повеќе
  • play_arrow
Сите се експерти за корона вирус, фејл компилација

Сите се експерти за корона вирус, фејл компилација

Читај повеќе
Фудбалери кои одбиле да заминат од клубот – мудар потег или најголемата грешка во кариерата?

Фудбалери кои одбиле да заминат од клубот – мудар потег или најголемата грешка во кариерата?

Читај повеќе
Како изгледаше одбојкарското славје на Србија среде Париз

Како изгледаше одбојкарското славје на Србија среде Париз

Читај повеќе
Интер моќно со Лече во ревија на убави голови

Интер моќно со Лече во ревија на убави голови

Читај повеќе
„Чук, чук, отворете ми!“

„Чук, чук, отворете ми!“

Читај повеќе