Смртта на Џорџ Флојд прогласена за „убиство“ - што значи тоа според законите во САД?

Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што поттикна низа масовни и често насилни протести низ САД, е прогласена за убиство во официјалниот извештај од судскиот вештак.

Флојд (46) имал застој на срцето додека бил приведуван од полицијата во Минеаполис, стои во извештајот.

Смртта на Флојд е официјално заведена како „кардиопулмонарен застој предизвикан од компликации поради придушување, приклештување и притискање на вратот од страна на полицијата“.

Објавено е видео на кое се гледа како полицаецот продолжува да го притиска Флојд на вратот со колено, дури и откако тој се изјаснува дека не може да дише и моли да се исправи, што дополнително го разгоре длабоко вкоренетиот гнев на граѓаните кон полициската бруталност и убиства насочени кон Афроамериканците во САД.

Remote video URL

По инцидентот избувнаа протести во Минеаполис и ширум САД, што непрекинато траат веќе шест дена. Ваков бран на протести не се паметат во САД со децении.

Полицаецот Дерек Шовен се товари за „убиство од трет степен“ и „убиство без умисла“ и се очекува да биде изведен пред суд следната недела. Останатите тројца полицајци вмешани во инцидентот се отпуштени од работа.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја ангажира војската да ги растера демонстрантите во Вашингтон.

Што пишува во извештаите?

Во извештајот на судскиот вештак од Хенепин Каунти по прегледот на телото на Џорџ Флојд стои дека биле утврдени претходна срцева болест и неодамнешна употреба на дрога. Флојд имал застој на срцето додека бил приведуван од полицијата“ на 25 мај.

Овој извештај беше објавен набрзо по извештајот на приватен вештак што го ангажираше семејството на Флојд. Во тој извештај стои дека Џорџ Флојд починал од гушење (недостиг на кислород) поради притисок (компресија) врз вратот и грбот. И во овој извештај смртта е заведена како „убиство“, соопштија адвокатите на семејството.

„Според моето стручно мислење, причината за смртта е гушење предизвикано од притисок врз вратот – што спречува проток на кислород кон мозокот – и притисок врз грбот, што го отежнува дишењето“, изјави вчера доктор Мајк Баден, поранешен официјален судски вештак на Град Њујорк.

„Нема сомнеж дека Џорџ Флојд ќе беше жив денеска ако полицаецот Дерек Шовен не го притискал на вратот, а другите двајца не го притискале на телото“, рече адвокатот на семејството, Бенџамин Крамп.

„Амбулантното возило му беше погребната кола“, додаде тој.

Како правниот систем на САД го дефинира терминот „убиство“?

Убиство (homicide) е секое дејство во кое еден човек убива друг човек. Убиството претпоставува само свесен акт на еден човек кој резултира во смрт на друг човек, т.е. убиството вклучува и случајни дејства, дејства од негрижа или од невнимание, дури и кога извршителот немал намера да ја предизвика смртта. Во правото постојат повеќе категории на убиства, вклучувајќи: убиство без умисла (murder), убиство со умисла (manslaughter), оправдано убиство (justifiable homicide), убиство во самоодбрана, убиство за време на војна, еутаназија, итн. Овие видови убиства се третираат различно во правнитe системи, а некои од нив се дури и дозволени (како, еутаназијата).

Убиството во кривичното право

Убиството како злосторнички чин може да се јави во повеќе видови, од случајно убиство до убиство со свесна намера. Во основа, во кривичното право се разликуваат два вида убиство, убиство со умисла и убиство без умисла, во зависност од околностите, психичката состојба на извршителот и намерата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Read more

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе