За да го запре егзодусот на своите корисници на апликацијата за споделување видеоснимки TikTok, Snapchat нуди награда од милион долари дневно за најзабавните видеа, пренесе BBC.
Скоро секој што се занимава со објавување различни содржини на интернет е привлечен од помислата дека поради тоа еден ден би можел да стане славен. Сепак, апликацијата Snapchat од скоро почна многу подиректно да ги охрабрува корисниците да објавуваат фотографии и снимки, така што понудија дел од парична награда од милион долари.
Целта на ваквиот систем на наградување на најпопуларните содржини на апликацијата е да се спречи масовното преминување од Snapchat на TikTok.
Предвидено е новата компонента Spotlight во целост да го промени начинот на кој корисниците на апликацијата да пронајдат нови содржини. Покрај тоа, Snapchat станува социјална мрежа која и досега најмногу вложи труд да сподели заработка со своите корисници, а не само со најпознатите од нив.
Компанијата се одлучи на овој потег откако аналитичарите забележале дека корисниците своите видеоснимки направени со помош на филтри и ефекти од Snapchat ги споделуваат на другите мрежи како TikTok и YouTube, каде собираат прегледи, наместо да ги делат на Snapchat.
Ветуваат дека авторот од која било снимка која стане популарна, со околу 100.000 прегледи дневно, ќе добие дел од парите за дневниот фонд од милион долари.