Снимени мистериозни нишки во срцето на нашата галаксија: Од каде доаѓаат?

Никој не знае со сигурност што се крие во вселената, а нашата галаксија Млечен Пат е полна со мистериозни магнетни нишки на новата телескопоска снимка што ја направи Јужноафриканската радиоастрономска опсерваторија MeerKAT.

Нишките се протегаат близу 150 светлосни години во должина и се рамномерно распоредени, а бизарните структури се стари неколку милиони години и се разликуваат по изглед, пишува CNN. Некои личат на жици од харфа, водопади, па дури и наликуваат на прстените околу Сатурн.

Фархад Јусеф-Задех, професор по физика и астрономија на Универзитетот Нортвестерн, првпат ги откри нишките пред 35 години преку радиобранови. Тој откри дека нишките се направени од електрони од космички зраци кои ги придвижуваат нивните магнетни полиња со брзина блиска до брзината на светлината. Сепак, потеклото на нишките остана мистерија.

Сега астрономите открија 10 пати повеќе нишки од претходното откритие, а истражувањето е опишано во The Astrophysical Journal Letters.

„Долго проучувавме поединечни нишки со кратковидно гледање“, рече Јусеф-Задех, главен автор на студијата и член на Центарот за интердисциплинарни и астрофизички истражувања при Нортвестерн.

„Сега конечно ја гледаме големата слика - панорамски поглед исполнет со изобилство на нишки. Само испитувањето на неколку нишки го отежнува извлекувањето на вистински заклучоци за тоа што се и од каде доаѓаат. Ова е пресвртна точка во нашето понатамошно разбирање на овие структури“, додаде тој.

Новата, детална снимка е всушност составена од мозаик од 20 различни набљудувања направени во текот на три години, гледајќи кон далечниот центар на Млечниот Пат, кој се наоѓа на 25.000 светлосни години од Земјата.

Количината на зрачење варира од другите енергетски космички настани, како што се остатоците од супернова, покажа анализата на нишките. Научниците веруваат дека нишките се поверојатно поврзани со мината активност предизвикана од супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот Пат, наместо со експлозии на ѕвезди. Тимот исто така откри дека магнетните полиња се посилни долж филаментите.

„Ако, на пример, сте од друга планета и сретнете многу висока личност на Земјата, би можеле да претпоставите дека сите луѓе се високи. Но, ако направите статистика за популацијата на луѓе, ќе стигнете до просечната висина. Токму тоа го правиме. Можеме да ја пронајдеме јачината на магнетните полиња, нивните должини, нивната ориентација и спектарот на зрачење“, рече Јусеф-Задех.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе