Снимки од дрон открија: Саудиска Арабија почна да копа темели за новиот футуристички град

Снимки од дрон откриваат дека е почната изградбата на футуристичкиот град што Саудиска Арабија претходно го најави.

Видеото е снимено од саудиска компанија зa Ot Sky, а од него се гледа почетокот на работата на мегаградот наречен The Line.

Станува збор за град што се гради во склоп на развојниот проект Neom, а се очекува дека ќе биде долг неверојатни 170 километри.

Покрај градот, ќе се градат и многу други проекти како ски-центри и сместувања за саудиската влада. Од снимката може да се видат бројни градежни машини како копаат широк линеарен ров во пустината, а на теренот се следи и нивниот напредок.

Се гледаат и снимки од џиновска дупка која би можела да значи почеток на изградба на транспортен систем што ќе се гради под самиот град. Осмислен е така што ќе го намали нарушувањето на природата, а се надеваат дека со користење на брзи возови жителите ќе можат да патуваат од еден крај на друг за само 20 минути.

The Line официјално беше претставен на почетокот од годината и е дизајниран за сместување на 9 милиони луѓе. Ќе биде висок 500 метри и ќе има „фасада огледало“. Се очекува да биде приближно со иста големина како државата Масачусетс во САД.

Во целост ќе се снабдува од обновливи извори на енергија. Плановите за изградба ги одобри престолонаследникот Мохамед бин Салман Ал Сауд и многумина се сомневаат дека ќе биде изградена поради својата амбициозна природа.

Принцот тврди дека проектот ќе биде завршен до 2030 година, но инженерите предупредија дека тоа би можело да потрае и до 50 години, додека изградбата не биде целосно завршена.

Remote video URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе