Со 62 гласа „за“ Талат Џафери избран за претседател на Собранието

Скопје, 21 август 2020 (МИА) – Со 62 гласа „за“,  43 „против“ и ниту еден воздржан пратеникот Талат Џафери попладнево е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Џафери кој доби нов четиригодишен мандат како спикер на законодавниот дом веднаш  ја даде и свечената изјава со која стапи веднаш на функцијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против, по гласањето ја напуштија собраниската сала. И Левица, како што се изјаснија во дебатата, гласаа против предлогот, а пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, како што најавија, не присуствуваа на гласањето.

По гласањето на Џафери за претседател на Собранието, седницата продолжи со третата точка од дневиниот ред на конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија; За предложениот состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата поднесен од 11 пратеници, „за“ гласаа 90 пратеници, а по двајца беа против, односно гласаа воздржано. Со исцрпувањето на дневниот ред по гласањето на оваа точка, првата седница на новиот собраниски состав е завршена.

Инаку, во попладневиот дел од продолжението на собраниската конститутивната седница пред гласањето, продолжија меѓусебните обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и потсетувања кој што кажал за време на изборите, а како сега се постапува и како работеле во минатите години.

Благица Ласоска од ВМРО-ДПМНЕ  го коментираше писмото со потписи од пратеници со кое се предлага Џафери за претседател на Законодавниот дом во делот на ефикасноста на менаџирањето од негова страна на претходниот собраниски состав и како пример кој оди против оваа оценка го посочи донесувањето на Законот за употреба на јазиците со кое вели, беа прекршени, процедурите.

-Ако се однесуваше како прв меѓу еднаквите и кој се грижи за интересите на РМ тој требаше да стави забрана за донесување на вакви закони. Сервилноста на пратениците кон Владата треба да стане мнинато затоа што Собранието е контролор на Владата, а не обратно ако сакаме да потврдиме дека сме парламентарна демократија. а претседателот на Собранието треба да ја третира еднакво и позицијата и опозицијата, рече меѓу другото Ласоска, појаснувајќи зошто нема да даде поддршка за предлогот за Џафери за спикер на Парламентот.

Нејзината сопартијка Ане Лашкоска рече дека не е изненадена од предлогот Џафери да биде претседател на Собранието и на новиот собраниски состав, меѓу другото укажа на меѓусебните обвинувања на СДСМ и ДУИ од предизборната кампања, и упати забелешка зошто никој од пратенииците од ДУИ и СДСМ не учествуваат во расправата за точката на дневниот ред со земање збор.

-Нема да го гласам Талат Џафери затоа што во минатото беше првиот од коалицијата на СДСМ и ДУИ кој го срамни со земја Собранието на РМ, не почитуваше процедури, ами измислија за нив посебни само нивни процедури, а се темелеа на пазар буквално целиот нивни мандат. Нема да го гласам Џафери затоа што сум сигурна оти истото ќе се случува и во ова кратко време на опстојување на овој Парламентарен состав, рече Лашкоска.

Миле Талевски од СДСМ реплицираше дека „Македонија оди напред со оваа нова влада со новото парламентарно мнозинство“. -И да бидете убедени дека овој парламентарен состав ќе владее четири полни години, рече Талевски.

На прашањето од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова дали лидерот на СДСМ Зоран Заев му се извинил за кажаното во време на предизборната кампања, претседавачот со седницата Џафери посочи оти за прашања од пратеници постои посебен институт пратенички прашања кој е за поставување прашања кон Владата, но овој пат, рече, ќе и одоговори како пратеник.

-Што сум коментирал јас, стојам зад тоа и стојам зад секој збор што сум го искажал било за време на кампања, јавно или каде било. Верувам дека прес-конференцијата на која двајцата лидери на коалицијата ја информираа јавноста за одлуката да продолжат со коалицирањето сметам дека беше доволно како одговор за она што ми поставувате прашање. Вие сте нов пратеник, но имајте предвид дека институтот пратенички прашања не е за поставување прашања на пратеници туку кон членовите на власта и другите институции избрани од Собранието, рече Џафери.

Џафери беше предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА.

Предлогот за претседател на Собранието на денешното продлжение на седницата го образложи пратеникот Изет Меџити од ДУИ, кој кажа дека во минатиот период Џафери ефикасно и успешно раководел со законодавниот дом, согласно законите и Уставот. Тој, според Меџити, успешно ги менаџирал сите процеси од надлежност на Собранието.

Претседателот на Собранието се избира со 61 глас „за“. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе