Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

„Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство“, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.

Нагласи дека за да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.

-Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.

реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална

Read more

Македонија

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Read more

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Read more

Прашањето е решено, конечно и неповратно: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Read more

Без струја делови од Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково

Read more
 

Вести

Верижен судир на скопската обиколница кај Смилковското Езеро, се судриле автобус, товарно возило и автомобили

Читај повеќе

ТАВ Македонија и аеродром Скопје: Не продаваме изгубен багаж, лажни профили сакаат да изнудат податоци од граѓаните

Читај повеќе

Во објект во Врапчиште најдени питбули и доберман користени за борби на кучиња

Читај повеќе

Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски ослободени од гонење за Oрганизатори на 27 април

Читај повеќе

Прашањето е решено, конечно и неповратно: Грчкото МНР ја оценува како провокација изјавата на Мицкоски

Читај повеќе

Пленковиќ во Давос: Треба да се почнат разговори со Русија, Русите може да ги издржат санкциите

Читај повеќе
  • play_arrow

Најактивниот вулкан во светот повторно еруптираше

Читај повеќе

Додека Давос го чека говорот на Трамп, европските индекси нееднакви, цените на златото и нафтата паѓаат

Читај повеќе

Пијан маж избол во вратот 22-годишна девојка: Обид за убиство во Крива Паланка

Читај повеќе