Со благослов на ФИФА Ракип ќе го облече дресот со сонцето

Македонската фудбалска репрезентација ќе добие засилување во средниот ред откако ФИФА даде зелено светко поранешниот младински репрезентативец на Шведска да направи промена на спортскиот пасош.

Ердал Ракип има 25 години и игра на средината од теренот. По потекло е од Преспа, но е роден во Малме, Шведска каде неговите родители се иселени. Играше за сите младински репрезентации на Шведска, а со У17 репрезентацијата освои бронза на Мундијалот во 2013 година. Но, никогаш не успеа да стане сениорски репрезенттаивец.

Тој од порано ѝ е познат на ФФМ, но до неодамна немаше желба да настапува за Македонија, надевајќи се дека со добрите игри за Малме ќе се наметне во шведската репрезентација, што никогаш не се случи. На „Црвено-жолтите“ почна да им се додворува после пласманот на ЕУРО 2020, но тогашниот селектор Игор Ангеловски јасно стави до знаење дека нема намера на историскиот деби настап на континенталниот собир да носи фудбалер кој претходно не сакал да игра за Македонија.

Македонската репрезентација сега игра нов циклус квалификации, а новиот селектор Благоја Милевски оствари контакт со Ракип, играчот одлучи да настапува за Македонија во иднина, целосната документација за промена на спортски пасош беше предадена кај ФИФА, а сега стигна и посакуваното зелено светло.

Ракип, кој сезонава со Малме настапува во Лигата на шампионте, ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред каде се очекува да го видиме веќе за октомвриските натпревари против Лихтренштајн и Германија. Познато е дека Енис Барди сѐ уште е повреден и прашање е дали ќе се опорави навреме, додека Аријан Адеми ќе се врати во составот, но тој е често склон кон повреди и затоа додавањето на Ракип е одлично освежување и збогатување на опциите во средината.

Со Малме досега има 5 титули шампион на Шведска, како и 1 титула во шведскиот Суперкуп. Со оглед на неговото етничко турско потекло, можеше да настапува и за репрезентацијата на Турција.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе