Со новите тестови побрзо ќе се добиваат резултатите, најави Филипче

Двеста и педест дополнителни термини за тестирање за COVID-19 се пуштени и верувам дека со новите брзи тестови од 15 минути ќе се смени ситуацијата околу добивањето на резултатите од тестирањето, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– На почетокот на минатата недела увидовме дека практично сите термини во понеделникот за цела недела се пополнија за кратко време и се пуштија 250 дополнителни. Меѓутоа, јас верувам дека и со овие нови брзи тестови ситуацијата околу тестирањето ќе се смени и за многу кратко време пациентите ќе ги имаат резултатите. Тоа е нешто што е сега новина насекаде во Европа, ако е брз тестот од 15 минути на на лице место каде што се зема и си се добива резултатот, рече Филипче.

Тој посочи дека секогаш интервенираат со дополнителни термини таму каде што треба, но, понекогаш, како што рече и тие дополнителни термини можат да го одолговлекуваат времет на добивање на резултатот.

Филипче на новинарско прашање истакна дека лекот „Ремдесивир“ за лекување на COVID-19 го има и во Македонија, но не е за широка употреба, туку се употребува само за болничко лекување.

– Мора да имаме предвид дека овој тип на терапија се дава во болнички услови и дека е лек што се дава под строга индикација на една од формите на болеста која што може да се манифестира кај пациентите, но не кај сите. Ние го имаме лекот „Ремдесивир“ и лекот „Фавипиравир“. Со помош на кредит од Светска банка, кога ќе помине законот во Собрание ќе се купи дополнителна количина за целата следна 2021 година. Но, ова не се лекови кои што се даваат надвор од болница, рече Филипче. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Read more

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more
 

Вести

  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе