Со прогласување на наградените и проекција на Златната треска на Чарли Чаплин се затвора 14. Филозофски филмски фестивал

Вечерва за спушта завесата на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал. По прикажани 40-тина филмови од целиот свет во неколку селекции, со почеток од 20:30 часот во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на Македонија ќе одржи последната проекција за годинава, на филмот „Златната треска“, [The Gold Rush, 1925], во режија на Чарли Чаплин.

На филмот ќе му претходи свечениот дел и прогласувањето на победниците во компетитивните селекции на Фестивалот, односно Официјалната селекција на долгометражни филмови и Официјалната селекција на краткометражни филмови. За обете селекции стручното жири ја доделува наградата „Златен був“, додека во краткометражна селекција се доделува и специјалното признание „Стефан Сидовски - Сидо“. Годинешното стручно жири го сочинуваат домашни и меѓународни познавачи на филмот и филозофијата: Славица Србиновска (компаративист), Иван Миленковиќ (филозоф, Србија) и Јане Спасиќ (режисер). Дополнително, после секоја од проекциите од овие две селекции, публиката имаше можност да гласа за Најдобар долгометражен филм и Најдобар краткометражен филм, награди што, исто така, ќе бидат доделени на затворањето.

Фестивалот ќе го заокружи своето годинешно издание со третиот филм од Ревијалната програма. Филмот се случува во време на златната треска, некаде кон крајот на деветнаесеттиот век, кога еден сиромашен човек заминува во планините на Алјаска со надеж дека таму ќе си ја најде среќата: некакво мало богатство кое би му го сменило самотниот, беден живот.

Откако преживува една страшна бура – која ја минува во состојба на константен стрес, засолнет во колиба со озлогласен криминалец и добродушен но прегладнет трагач по злато – се вљубува во Џорџија, прекрасна салонска танчерка. Чисто заради забава (а и за да налути еден свој агресивен додворувач), таа почнува да танцува со него. Но, сепак, и покрај даденото ветување, заборава да го посети малиот човек за време на новогодишната ноќ, иако тој возбудено ја чека во колибата, со спремна вечера и подарок. Комплетно дело на Чарли Чаплин (режисер, сценарист, монтажер, продуцент и главен актер), „Златната треска“ е инспириран од неколку фотографии од последната голема миграција од овој вид, масовната потрага по злато во Клондајк, како и од приказната за трагедијата во Сиера Невада од зимата 1846-1847, кога група завеани мигранти се принудени да јадат кожа од сопствените чевли за да преживеат, а потоа и човечко месо. Тоа што во „Златната треска“ овие потресни настани се претворени во две незаборавно комични сцени (во првата Чаплин го готви својот чевел, а во втората Големиот Џим, неговиот прегладнет пријател, го замислува како печена кокошка) е само уште едно сведоштво во прилог на Чаплиновата теза дека комедија е она во што трагедиите се преобразуваат со време и, уште повеќе, врвен доказ за неговиот ненадминат филмски гениј.

реклама

Пијте го пред спиење: Напиток што го намалува шеќерот и помага при слабеење

Read more

Зошто на ЕУРО нема натпревар за 3. место? УЕФА даде објаснување

Read more

Почна сезоната на храна што го намалува ризикот од катаракта и до 43%

Read more

Трик за разладување на домот и обезбедување пријатен сон

Read more

Култура

Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

Read more

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинешната Галичка свадба

Read more

Свечено отворање на Синедејс в четврток

Read more

Македонската филхармонија ќе го отвори Охридско лето со ѕвездата Џулијан Рахлин

Read more
 

Вести

Сѐ е подготвено за уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

Читај повеќе

Мерко дозволил бесправно градење на објект кај базенот на хотелот Дрим, обвинение против 11 лица и 1 фирма

Читај повеќе

Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало: Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет

Читај повеќе

Сингапур одобри консумација на 16 видови инсекти, вклучувајќи скакулци и штурци

Читај повеќе

Сијарто: Унгарија ќе вложи напори за отворање на уште едно поглавје со С. Македонија

Читај повеќе

Фицо: Членството на Украина во НАТО е само гаранција за трета светска војна

Читај повеќе

Сончево и многу топло со температури до 42 степена

Читај повеќе
  • filter

11 јули 1995, почнал масакрот во Сребреница

Читај повеќе

Грција почна жестоко да казнува за прекршување правила на плажите

Читај повеќе