Собранието ја почна расправата за третиот нацрт-амандман на Уставот

Скопје, 3 декември 2018 (МИА) – Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница расправа по XXXV нацрт-амандман, еден од четирите што ги предложи Владата, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

Благоја Деспотоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Македонија веќе тоа го инкорпорирала во Уставот, но важно е да се види и што направила Грција, дали двете земији се почитуваат заемно и побра и Грција да го внесе истиов член во нејзиниот Устав.

-Ова е големо прашање и не треба за тоа да се делиме.  И затоа ми попречи што кажа министерот дека ние сме нација со комплекси. Не, ние сме паметна интелегентна нација, но сме мирољубива, а знае дека попаметниот попушта оти знае дека со сила не може туку мора да се има принцип. Мора да си се цениме самите за да не ценат другите. Ако продолжиме вака не знаеме следно што ќе биде. Добро е да сме добри пријатели со соседите. Но, во оној момент кога ќе видам неискреност, подментнување и задни намери престанува пријателството. Затоа инсистирам на суштинско пријателство. Ако ние го вметнуиваме овој член во Уставот, добро е да побараме и од соседите да ги вметнат соодвтените членови од нашиот Устав а се однесуваат на членовите од Повелбата на ОН и тогаш ќе бидеме вистински пријатели, на сите ќе ни биде сеедно каде се наоѓаме дали во Грција, Албанија, Србија или во Бугарија, сите граѓани и во тие држави ги имаат истите човекови права. Пријателството треба да се заснова на  почитување на еднакви вредности. Само тогаш ќе има искрено пријатлество, рече Деспотоски.

По изгласување на овој амандман ќе започне и дебата за XXXVI нацрт-амандман и последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците и во него Републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Вчера Парламентот ги усвои два од четирите нацрт-амнамни – XXXIV и XXXIII, со кои се предвидува менување на името Република Македонија со Република Северна Македонија, односно во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор.

По изгласувањето на нацрт – амандманите и завршувањето на оваа фаза, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа, по што ќе следува третата и последна фаза од уставните измени, кои се прават во согласност со Договорот од Преспа. 

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Read more

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Read more

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Read more

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Read more
 

Вести

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила ја силувале во напуштен објект во Струга

Читај повеќе

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Читај повеќе

Девојката која се преправаше дека е Меделин Мекен осудена на 6 месеци затвор за следење

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Читај повеќе

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Читај повеќе

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

Читај повеќе

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во Битолско, заработувале од мачење животни

Читај повеќе

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Читај повеќе

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Читај повеќе