Социјалдемократот Олаф Шолц e новиот канцелар на Германија

Олаф Шолц од Социјалдемократите е именуван за деветти канцелар на Германија на кратка церемонија во претседателската палата во Берлин, пренесе DPA.

Олаф Шолц денеска ја доби поддршката од германскиот парламент за да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар, при што членовите на Бундестагот гласаа со големо мнозинство по партиска линија на тајното гласање.

Шолц доби 395 од 707 дадени гласови, што е многу над потребното мнозинство од 369 гласа во Бундестагот со 736 места.

Неговите социјалдемократи (СПД), заедно со Зелените и про-бизнис Слободните демократи (ФДП), имаат 416 места во новиот парламент, избран во септември. Неколку пратеници отсуствуваа поради болест.

Шолц, кој беше заменик на Меркел и министер за финансии во големата коалиција во заминување, отиде во палатата Белви во Берлин, каде германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер официјално го назначи.

Неговиот кабинет од левиот центар, составен од осум мажи и осум жени министри, ќе биде првата коалиција од ваков вид на федерално ниво во Германија. СПД има седум членови, Зелените пет и ФДП четири.

Изборите ги доведоа социјалдемократите на чело на германската влада првпат по 16 години, откако Меркел го наследи Герхард Шредер како канцелар во 2005 година. Шредер беше во Бундестагот за да го следи гласањето за Шолц.

Новата коалиција си постави цели за борба против пандемијата на коронавирус и намалување на емисиите на стакленички гасови. Се планира и големо зголемување на законската минимална плата.

Шолц (63) има долга политичка кариера зад себе, како градоначалник на градот-држава Хамбург и министер за финансии и вицеканцелар во кабинетот на Меркел во последните четири години. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе