Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН за полагањето на првиот екстерен испит

Генералното собрание на Сојузот на средношколци на вонредна седница вчеравечер го прифатил компромисот понуден од Министерството за образование и наука (МОН) во врска со едно од нивните барања за државната матура.

На средбата со министерот Јетон Шаќири синоќа во МОН, на претставниците на Сојузот им беше укажано дека поради утврдениот календар за настава не може да се одложи првиот екстерен испит (Мајчин јазик и литература) од 27 мај за 3 јуни, но им беше понуден компромис - намален обем на тестот и олеснување во бодувањето. Сојузот најави дека за понудата ќе решава нивното Генерално собрание.

– Генералното собрание по долга дискусија ја прифати алтернативната понуда на МОН - наместо одложување на датумот на првиот екстерен испит, да се намали обемноста на испитот. Тој ќе носи од 60 до 80 бодови, наместо досегашните од 80 до 100, што значи дека ќе има намалување на бројот на прашања, информира Сојузот на средношколци.

Во допис до медиумите истакнува дека успешно постигнал договор со МОН за државната матура и таа ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде олесната за оваа генерација матуранти која, како што вели, беше најмногу погодена од прекините на наставата.

Сојузот на средношколци имаше 4 барања од кои 3 вчера беа веднаш прифатени од МОН, а за четвртото, т.е. за барањето да се одложи почетокот на полагањето на матурата им го понуди компромисот за намалување на обемот на тестот. 

На вчерашната средба во МОН беше постигнат договор за промена на соодносот на поените што ги носат испитите од државната матура при уписот на факултет - наместо 24, екстерните да носат 20 поени, а интерните наместо 12 да носат 16 поени.

Министерството за образование и наука преку Владата ќе им препорача на универзитетите да направат ваква промена во конкурсите. Исто така, на универзитетите ќе им биде препорачано првиот екстерен испит - мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература да се смета за соодветен на сите студиски програми, што значи дека оценката од овој испит ќе се множи со повисок коефициент.

– Со тоа, матурантите ќе добијат додатни 2 поена при упис поради оваа промена, а државата ќе покаже грижа за важноста на мајчиниот јазик и литература, нагласува Сојузот.

Договорено е, исто така, наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна четири недели пред испитот и банките да содржат трипати поголем број на прашања од бројот на прашања на испитот. Тоа е значајно олеснување за матурантите, сметаат од Сојузот на средношколци, бидејќи матурантите ќе имаат доволно време да се подготват и за интерните испити.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Читај повеќе
  • filter

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Читај повеќе