Манчестер Јунајтед убедливо изгуби од Вотфорд, па поради новиот пораз Управниот одбор одлучи дека Оле Гунар Солскјер треба да добие отказ.
Оваа информација ја пренесе инсајдерот Фабрицио Романо. Тој објави дека оваа одлука ја донел Управниот одбор на Манчестер Јунајтед кој заседавал 5 часа по бламажата на тимот и поразот од Вотфорд.
Останува одлуката да ја потврди првиот човек на клубот Џоел Глејзер. Манчестер го доживеа петтиот пораз во последните 7 натпревари во Премиер лигата, а во последните 5 натпревари примија дури 15 голови.