ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Солскјер за голот во 90+6: И ние сме победувале така, таков е фудбалот

Манчестер Јунајтед прокоцка одлична шанса да дојде до 3. место на табелата, но доцна примениот гол од Саутемптон ги остави само со бод.

Оле Гунар Солскјер најдобро знае како е да се постигне гол во судиското надополнување. Токму тој како играч се прослави во голот во 90+3 во финалето од Лигата на шампиони во 1999 година играјќи за Манчестер Јунајтед против Баерн, гол со кој донесе победа од 2:1 и нормално, драгоцениот пехар.

Неговиот тим синоќа прими гол во 6. минута од судиското надополнување, гол поради кој испушти важни 3 бода во битката за влез во Лигата на шампионите.

„Тоа е најлошото време за да се прими гол, но тоа се случува во фудбалот. Мораме да го прифатиме тоа бидејќи самите ние многу пати сме победиле на таков начин. Едноставно, тоа е дел од процесот на учење, тимот е разочаран поради губењето на бодовите, но тоа е“, изјави норвешкиот стратег за Sky Sports.

Саутемптон всушност прв поведе преку Стјуарт Армстронг во 12. минута, а потоа за само три минути од 20-тата до 23. минута Маркус Рашфорд и Антони Марсијал направија пресврт. Нововлезениот Мајкл Обафеми во 96-тата минута израмни на 2:2.

Remote video URL

„Веројатно и не ги ни заслуживме трите бода. Тие играа добро. Физички се добри, одлично подготвени. Ние воопшто не фативме ритам кога станува збор за пас играта, особено откако победовме со 2:1, но создававме шанси, на моменти игравме одличен фудбал“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе