Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21°C, а максималната ќе достигне од 29 до 37°C. УВ=8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35°C.
До вторник ќе биде топло со променлива облачност и со услови за изолирана нестабилност претежно во планинските региони. Од среда ќе дува умерен до засилен ветер и во попладневните часови од денот ќе има повремено пороен дожд проследен со грмежи, а температурите ќе опаднат за неколку степени.