Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 13 до 25 степени Целзиусови.
Утре ќе се задржи слично време.